Ќе нема амбасадори со двојно државјанство, причина: Сертификатите на НАТО но и опозицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Причината зошто парламентарното мнозинство ги повлече предлог измените на Законот за надворешни работи е да не и се даде простор на опозицијата да го блокира парламентот, но и сертификатите на НАТО кои треба да ги земаат амбасадорите.

Премиерот тврди дека и во претходниот парламентарен состав истиот закон бил во Комисијата за надворешни работи, каде и тогаш претседател на комисијата беше Антонио Милошоски, но според Заев, тогаш пратеникот на опозицијата немал забелешки, а додаде дека кога Милошовски бил министер испратил амбасадори со двојно државјанство.

Прашан во врска со ова, Милошоски за ТВ21 изјави „ Заев треба да поднесе кривична пријава доколку има такви сознанија. Не требало досега ни да чека”. Тој вчера објасни зошто е против предлогот амбасадорите да имаат двојно државјанство.

Со цел да го блокира законот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе достави над 300 амандмани. Од друга страна Заев вели дека ја поддржува одлуката на пратениците на мнозинството за повлекување на предлогот.

Иако за Милошоски се шпекулира долго време дека и тој има и бугарско државјанство, ток негира и изјави „Освен македонското државјанство не поседувам друго и не планирам, ниту ми е потребно„.