Владата ја усвои информацијата за формирање Центар за итна медицинска помош во Скопје, на предлог на Министерството за здравство.
Целта е да се скрати времето на интервенција и да се подобрат капацитетите за спасување животи. Во првата фаза, Итната медицинска помош – Скопје ќе биде издвоена како самостојна институција.
Според министерот Азир Алиу, реформата ќе овозможи поефикасно управување со ресурсите и побрзо носење одлуки.
Од Министерството велат дека моделот се темели на позитивни искуства од земјите во регионот и ќе придонесе за надминување на долгогодишните кадровски и организациски предизвици.
