Плоштадот во Тетово некогаш имаше фонтани и зеленило, но ваква е состојбата во моментов.
Вака изгледа проектот за плоштадот во Тетово, што сегашниот градоначалник Биљал Касами го претстави пред граѓаните кога ја бараше нивната доверба. Но дали ќе го одржи Касами ветувањето? Градоначалникот повторно ветува.
„Работиме интензивно на подготовка на проектот, верувам дека за еден месец ќе ја имаме конечната верзија на проектот, за потоа да бараме фондови за негова реализација“, вели Биљал Касами.
Касами вели дека на плоштадот најпрво ќе се постави урбана опрема, а студенти од двата универзитета работат на проектот за плоштадот.
„Има два проекти за плоштадот, едниот се однесува на освежување на плоштадот а другиот за уредување на плоштадот со урбана опрема. Овој проект го подготвуваме и го реализираме со студиски програми по архитектура во рамки на ТУ и УЈИЕ“, додаде Биљал Касами.
Од уривањето на стариот плоштад, во секој изборен циклус за локални избори се ветува модерен плоштад, но до сега ништо не е сработено.
