Ќе се попишуваме со комбиниран модел – Симовски: Граѓаните сериозно да го сфатат пописот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државниот завод за статистика ја објави Методологијата за Пописот на население.

Пописот ќе биде поделен во 3 категории. Во првата спаѓа вкупното резидентно население кое го сочинуваат: државјаните кои во земјава престојуваат повеќе од 12 месеци, лицата кои престојуваат во странство помалку од 12 месеци, лица кои имаат постојан престој во земјава, но со привремена дипломатска мисија во странство, странците со признат статус на бегалец, странците со признато право на азил.

Во категоријата на нерезидентно население се опфатени државјаните кои престојуваат во странство повеќе од 12 месеци и странци кои престојуваат во земјава помалку од 12 месеци со дозвола за привремен престој. Директорот Симовски, вели дека оваа категорија ќе може да се попишува и преку електронски пат.

Електронскиот попис ќе почне на 1 март, а ќе трае до 21 април. Симовски вели дека е можно информацијата за пописот да не ја добијат сите иселеници, па затоа, нивните податоци ќе може да ги даде нивен близок кој живее во земјава и кој ги познава добро. Симовски со апел – граѓаните да ја сфатат сериозно статистичката операција, затоа што, како што вели штета можат да претрпат само тие.

Во третата категорија од пописот влегуваат првите две категории. Пописот ќе се спроведува на 7 јазици. На терен во едно домаќинство ќе оди по еден, а во мешаните населени места ќе има и по двајца попишувачи.

Во однос на пописот на терен и почитување на анти-ковид мерките, Симовски вели дека ќе соработуваат со здравствените институции, а зависно од тоа како ќе се одвива состојбата со пандемијата во април, ќе бидат изготвени и соодветни протоколи.

Како што вели, не е неопходно попишувачите да влегуваат во домовите на граѓаните. Во Македонија, од Втората светска војна се направени 8 пописа на население, првиот во 1958-ма, а последниот во 2002 година.