Ќе се пуштат во употреба првите 2 километри од Скопје – Блаце, Таипи вели дека сега ноември е крајниот рок!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се очекуваше првите 2км од патот Скопје-Блаце да се пуштат во употреба на крајот на октомври. Вака најавуваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири.

-Имаме добар сигнал за првите 2км, ќе бидат завршени во рок од два месеца и ќе бидат пуштени во употреба.

-Два месеца од сега…

-Да, од сега…

-Значи сега е септември, на крај на октомври?

-Два месеца, тука некаде значи…

Но како што изгледа пуштањето во употреба ќе се одложи уште неколку недели, поради, како што вели зам. Директорот на ЈП Државни патишта, Назим Таипи, останати се неколку прашања што треба да се завршат а потоа ќе може да се пушти кон средината на ноември.

-Мислам дека следниот месец

Кога ќе завршат работите комплет?

-Значи во ноември.

-Да, во ноември.

Но и да бидат пуштени тие 2км, според Таипи, тоа нема да има некој голем импакт.

-Овие 2км се од границата и во моментов треба да се поврзат со обиколницата која е изградена тука и вториот сегмент се 10-те следни километри и овие 2км би биле пофункционални кога ќе се изгради вториот сегмент. Во моментов се изградени тие 2км што треба да се поврзат со обиколницата што е изградена и велам дека ако остане на овие 2км тоа нема да има некој голем импакт-рече Таипи.

Проектот за вториот дел од патот Скопје-Блаце е на повторно разгледување. Новата влада ја донесе оваа одлука бидејќи проектот на претходната влада со 6 тунели беше оценет како многу скап и тежок за изведба. Таипи не вели дека овој проект е отфрлен.

„Во моментов проектот е на разгледување, тоа не значи дека проектот ќе се отфрли, можеби ќе продолжи истиот, ние го разгледуваме повторно овој проект, нема некоја одлука дека проектот ќе биде целосно отфрлен“, изјави Таипи.

-Не е 100% дека овој проект целосно ќе биде отфрлен?

-Ние го разгледуваме проектот, нема некоја одлука дека проектот ќе биде целосно отфрлен.

Како друга алтернатива што се разгледува за патот Скопје-Блаце е постоечката траса за која не би биле потребни тунели, но заменик директорот на ЈП Државни патишта рече дека за ова прашање треба да одлучат експерти.