Ќе се украсуваат ли општините за новогодишните празници? – Пецаков: Охрид ќе биде украсен независно од владините одлуки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Енергетската криза им ја отежна работата на општините. Новогодишните празници се наближуваат, а сѐ уште не се знае каква одлука ќе биде донесена за украсувањето на градовите.

Но, едно нешто е сигурно – Охрид ќе биде украсен без оглед на владините одлуки, уверува градоначалникот Кирил Пецаков.

реклама

Тој рече дека Охрид не е како другите градови, туку туристички центар. Додава дека доколку Владата донесе одлука општините да немаат новогодишно украсување, тој нема да ја почитува.

Но, дали исто ќе постапи и Рамиз Мерко, градоначалник на Струга, бидејќи и Струга е туристички град?!

„Украсувањето на градот ќе се направи со украсите од претходните години и со поскромен буџет (кој ќе се гласа на следната седница на Советот на општината). Ќе се украсува централниот дел на градот, вклучувајќи го и главниот мост на Црн Дрим“, велат од Општина Струга.

реклама

Потсетуваме дека изминативе години многу општини се откажаа од новогодишното украсување, со цел средствата да бидат пренаменети за социјално ранливите семејства. Засега поради енергетската криза сѐ уште нема никаква одлука – дали на општините ќе им биде дозволено да ги   разубавуваат градовите по повод новогодишните празници.

реклама
реклама
реклама