Ќе се зголемат субвенциите за сточарите – „со зголемувањето на производството ќе се намали растот на цените“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дел од овошјето и зеленчукот летово останаа на нива, а Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во дебатниот  магазин „Click Plus“ на ТВ21, истакна дека мора да обезбедиме што повеќе домашно производство.  На тој начин вели ќе се намали и растот на растот на цените на храната.

ТВ21: Вртоглаво растат цените на финалните производите во маркетите на сирењето, кашкавалот, млекото ..

Љупчо Николовски: Токму затоа треба да обезбедиме што поголемо домашно производство. Тоа го правиме со политиките кои ги предлагаме.

ТВ21: Млекото увезено од надвор има поевтина цена од млекото произведено овде.

Љ.Н.: Да.

„Парадоксални ситуации“.

Откупната цена на млекото е три пати пониска од продажната, кој тука профитира?

„Ние не сме надлежни да го контролираме тој дел, ние сме надлежни да ги креираме политиките во делот на финансиската поддршка. За млечните крави ќе зголемиме од 3000 на 4000 субвенции, тоа е огромен износ кој го зголемуваме. Кај овците и козите до 1700 денари по грло. Ќе дадеме финансиска поддршка на женските грла односно на тие што се репродуктивни“, посочи Николовски.

Ќе се градат два модерни дистрибутивни центри во Скопје и Струмица кои ќе чинат 54 милиони евра -најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ексклузивно во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Министерството и Светската Банка денеска ќе го распишат меѓународниот тендер за избор на консултанска компанија која што ќе го дизајнира, проектира и ќе врши надзор на изградбата.

За последиците  од неодамнешниот хакерски напад врз Министерството Николовски вели веб страницата на Министерството не е хакирана, туку биле инкриптирана дата базата, односно работниот потенцијал. Сите работни површини на сите вработени се инкриптирани и тие се уште ги немаат повратено назад. Но не се погодени клучните системи и регистри кои ги води Министерството.