До Општинската изборна комисија пристигнал приговор за избирачкото место 2038 во селото Челопек, во врска со предвремените локални избори во Брвеница, пренесува ТВ21.
Државната изборна комисија денеска во попладневните часови треба да одржи седница на која ќе одлучува по поднесениот приговор. На седницата ќе биде разгледано дали гласањето на ова избирачко место ќе биде поништено или ќе остане во сила.
Одлуката на ДИК се очекува во текот на денот, по што ќе стане појасно дали во Челопек ќе има повторување на гласањето.
