Ќе стане ли Џафери претседател на ДУИ? „Оние кои мислат дека имаат потенцијал и поддршка, имаат секаква можност“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ќе има ли измени во раководството на ДУИ и колкави се изгледите на чело интегративците да застане сегашниот претседател на Собрание, Талат Џафери? Џафери, во интервју за МИА, рече дека за тоа одлучуваат партиските органи, како што било одлучено на последниот Конгрес, на кој единствениот кандидат беше Али Ахмети.

На прашањето – дали има проблеми во функционирањето на пратеничката група на ДУИ, Џафери со одговор дека тоа не е во негова надлежност.

Сите овие прашање се отвораат сѐ почесто, бидејќи веќе некое време е очигледно дека односите меѓу интергативците не се совршени. Разликите излегоа на виделина кога координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити, го крена гласот околу назначување на кадарот на партијата во извршна власт. Неколку месеци подоцна, Меџити од собраниската говорници побара сметка од првиот вицепремиер Артан Груби за дел од ветувањата кои не се реализирани во првите 100 дена од Влада.