Учениците од Раховиќ кои пред неколку дена ги посети екипата на ТВ21 и кои рекоа дека немаат како да држат онлајн настава, вчера добија добра веста. Ги посети нивниот наставник и им подари таблети кои ќе им послужат за учење преку електронски пат. Таблетите ги обезбеди компанијата „Еколог“. Учениците подарокот го примија со неизмерна радост.
-Сега ќе учиш од дома?
-Да, сега ќе учиме преку онлајн настава
-Ќе контактирате со наставникот?
-Да.
-Дали сега ќе ви биде полесно?
-Да, последно ќе биде.
-Се израдував.
-Да, ќе контактираме со наставникот и ќе учиме.
Наставникот им објасни како да ги користат таблетите.
Директорот на училиштето, вели дека овие ученици не биле дел од онлајн наставата поради недостиг на услови.
-Станува збор за ученици кои учат во периферно училиште и кои беа надвор од онлајн наставата, бидејќи немаа интернет. Општината обезбеди неколку таблети и бевме сведоци дека истите им беа врачени. Во рамките на општината Сарај, гравитираат периферни училишта чии ученици се наоѓаат во иста состојба-изјави Мубедин Бајрами.
Во периферното училиште во Раховиќ учат 13 ученици. Од денеска тие ќе можат да бидат дел од онлајн наставата. Станува збор за село кое се наоѓа на само 23.6 км од центарот на Скопје.
