Како што се чини, кавгите меѓу жителите на селата Колибари и Црвивци за наводнување на земјоделските површини, ќе завршат. Со години жителите на овие две села имаа проблеми околу наводнувањето на садниците, затоа бараа систем за наводнување.
Директорот на Претпријатието за пасишта, Нефруз Челику вели дека одамна имало барања од жителите и по неколку години барањата стануваат реалност.
„Неопходно е за тие кои одлучиле да живеат овде и тие кои се занимаваат со земјоделство и сточарство и е неопходно земјиштето да има систем за наводнување. Жителите иако задоволни, се надеваат дека полињата ќе се обработуваат и дека ќе има луѓе да работат и да го наводнуваат полето“, вели Нефруз Челику.
Жителите се надеваат дека ќе остане некој да ги обработува нивите овде.
„Од масовното иселување на младите од Кичево, дај Боже да се најде некој модус населението да сака да ја работи земјата, да има инспирација за секој производ што го произведува со водата што ќе доаѓа за наводнување, многу е важно, интересот е голем, да видиме што ќе ни донесе иднината, дај Боже да се најдат луѓе кои ќе ги работат полињата“, додаде жител.
Каналот ќе биде затворен и треба да биде завршен за 18 месеци, потсетуваме дека пред некое време и во Зајас се изгради отворен канал од 2 км за наводнување на земјоделските површини.
