„Кичеец преку мене и врвот на власт бараше дозвола од Богоев за градење висококатница во Карпош“, рече Боки 13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во денешниот исказ по испрашувањето на адвокатот, Бојан Јовановски, осомничен во случајот „Рекет“ рече дека Зоран Милески-Кичеец барал преку него и преку власта да добие дозвола за градење на висококатница во општина Карпош.

„Јас тогаш бев пријател со градоначалникот Стефан Богев, но веќе не сум бидејќи имам поднесено неколку други кривични пријави против него, но не во врска со овој предмет“, рече Боки.

Боки рече дека Кичеец во висококатницата барал да се влијае кај Богоев, и му ветил нему дека ќе има студио на 1ТВ и шопинг центар.

Јовановски за ноторна лага го нарече исказот на сведокот Орце Камчев дека му понудил проект кој бил потпишан од синот на Катица, Лазар Јанев.