Кичевци очекуваат подобар живот по изборите – „Поскапувањето на храната и струјата не можеме да го преживееме“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кичевци по изборите очекуваат повеќе работа и посветеност, тоа го велат граѓаните кои ги анкетираше ТВ21 во Кичево.

Некои се оптимисти но има и такви кои се песимисти дека независно кој ќе дојде на чело на општината, нештата ќе останат исти.

„Ние очекуваме да се изгради болницата, кучињата скитници ако може и тие да се сместат некаде, очекуваме многу работи“, вели граѓанин.

„Овде работата ќе биде многу лошо, не е чудо да победи ВМРО, и тоа се очекува, така мислиме бидејќи многу ја искрадоа државата, Кичево многу го искрадоа“, додава граѓанин.

Што се однесува до поскапувањето на електричната енергија по Нова Година и прехранбените производи до крајот на годинава, повеќето од жителите  сметаат дека нема да можат да преживеат со овие плати  и стандард.

„Голем проблем е бидејќи има жители кои живеат во голема сиромаштија“, посочи граѓанин.

„Луѓето овде немаат работа, немаат што да прават, немаат работа и ќе бегаат надвор“, вели граѓанин.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 31 октомври. Во втор круг на ниво на цела држава одат вкупно 43 општини.