Киев тврди дека на руската авијација ѝ е нанесена штета од седум милијарди долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Безбедносната служба на Украина (СБУ) вечерва објави дека голем напад врз воените аеродроми во Русија предизвикал штета од седум милијарди долари на авијацијата.

„Седум милијарди американски долари. Ова е проценетата штета на непријателската стратешка авијација, која беше погодена денес како резултат на специјалната операција „Пајажина“ спроведена од СБУ“, се вели во соопштението објавено на Телеграм.

Додаде дека биле погодени 34 проценти од авионите што носеле стратешки крстосувачки ракети.

Агенцијата Франс Прес објави дека оваа информација не може да се потврди од независни извори.

Руските власти претходно денес соопштија дека неколку нивни воени авиони се запалиле за време на голем украински напад со беспилотни летала и додадоа дека ги привеле осомничените.

„Во регионите Мурманск и Иркутск, неколку авиони се запалија по лансирањето на беспилотни летала FPV од областа во непосредна близина на аеродромот“, напиша руското Министерство за одбрана на Телеграм.