Празникот Бајрам според традицијата се празнува и со месо на трпезата. Но дали граѓаните ќе имаат можност да купат кога цената за еден килограм месо се искачи и над 600 денари.
Анкетиравме неколку граѓани во Тетово кои велат дека цената е висока, еден од нив рече месо не сме виделе со очи, јадеме само леб и урда.
„Цените се покачија многу. Месо веќе нема, месо не можеме со очи да видиме. Немаме стока за да заколеме и не јадам месо, ќе јадеме леб и урда и така ќе поминеме“.
„Нормално, тој што има помалку пари ќе јаде помалку, тој што има повеќе, ќе јаде повеќе, цените за тие што чуваат стока се добри, но за нас што купуваме не чинат“.
-Дали многу поскапе месото?
„Ако отидеш на пазар, за вкупно што ќе купиш, од лани, оваа година за едно евро е покачена цената“.
„Сите тие селани, сточари, производители на месо исчезнаа. Навистина исчезнаа. Ние месото го продаваме и купуваме, па макар и ќебапи да се тоа“.
„Јас јадам бидејќи заклав мој добиток и јадам, тие што немаат ќе погледнат на излог ќе ја наведнат главата и си одат“.
Се обидовме да снимиме неколку месарници во Тетово, но не ни дозволија. Видовме граѓани ако купуваат месо но рекоа дека купуваат во помали количини за разлика од другите години.
