Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги обвини САД за провокации и ескалација на тензиите, велејќи дека Корејскиот Полуостров никогаш не се соочил со такви ризици од нуклеарна војна како сега, објави во петокот државниот медиум КЦНА.
„Никогаш досега завојуваните страни на Корејскиот полуостров не се соочиле со толку опасен и акутен конфликт што може да ескалира во најразорната нуклеарна војна“, рече Ким во говорот на изложбата на оружје во Пјонгјанг во четвртокот.
Тој исто така рече дека од неговото претходно искуство во преговорите со Вашингтон, добил само дополнителна потврда за неговата „агресивна и непријателска“ политика против Пјонгјанг.
„Во преговорите со САД веќе отидовме колку што можевме, но она во што се уверивме од резултатите не е подготвеноста на суперсилата за коегзистирање, туку нејзиниот фундаментален однос на моќ и нејзиниот агресивен и непријателски политика кон нас, која никогаш не може да се промени“, рече Ким, а пренесе КЦНА.
За време на првиот мандат на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, тој и Ким одржаа три средби во Сингапур, Ханој и на корејската граница во 2018 и 2019 година. Но, нивните дипломатски напори не постигнаа конкретен исход поради разликите меѓу американските повици за Северна Кореја да се откаже од своето нуклеарно оружје и барањата на Ким за укинување на санкциите.
