Кина го враќа ударот: Ако САД сакаат војна, подготвени сме да се бориме до крај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доналд Трамп го одржа својот прв голем говор по враќањето во Белата куќа, а меѓу другото се осврна и на зголемувањето на царините за кинескиот увоз од 10 на 20 отсто.

Министерството за надворешни работи на Кина ја „фрли ракавицата“ кон САД и соопшти дека ако САД сакаат војна, Кина е подготвена да се бори до крај.

„Ако војната е она што го сакаат САД, без разлика дали тоа е тарифна, трговска војна или кој било друг вид војна, ние сме подготвени да се бориме до крај“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.