Кина регистрираше 49 нови случаи на Ковид-19, а Пекинг се обидува да се избори со новото жариште на коронавирус поврзано со пазар во кинеската престолнина.
Од вкупниот број нови инфекции во Кина, 36 се однесуваат на главниот град, каде што илјадници беа тестирани по ненадејното избувнување на заразата на пазарот на големо Синфади во југозападниот дел на градот.
Пазарот обезбедува речиси 90% на овошје и зелечнук за Пекинг.
Според локалните власти, во погодената област постои „воена состојба“ и некои делови од градот се блокирани и забрането е патување помеѓу одредени делови на градот.
Дел од училиштата откажаа настава.
Пазарот на големо Синфади е 20 пати поголем од оној во Вухан од кој започна пандемијата на Ковид-19 и таму се препродаваат илјадници тони храна.
