Кинеските или руските ќе стигнат побрзо? Февруари помина, вакцини нема, Филипче не сака да шпекулира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Крајот на февруари дојде, но антиковид вакцините се уште ги нема, секако ако ја исклучиме донацијата од Србија со која се вакцинираат здравствените работници. Министерството за здравство и Владата неколку пати соопштија дека вакцините треба да пристигнат кон крајот на јануари или февруари. Сепак, дојде и месец март, а вакцините уште ги нема.

Граѓаните чекаат да бидат имунизирани со вакцините на било која компанија со која Владата склучила договор, но која ќе пристигне прва не знае ниту Министерот за здравство, Венко Филипче. Вели дека за неколку дена ќе има попрецизни информации од кинеската компанија Синофарм и руската компанија Спутник.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го нарече лажго министерот Филипче и премиерот Заев. Од оваа партија велат дека дури и една година по почетокот на ширењето на вирусот во нашата земја, Владата не успеала да обезбеди вакцини.

Вакцинацијата почна на 17 февруари со 8200 вакцини на Фајзери кои ни ги донираше Србија. Со овие дози ќе биде вакциниран медицинскиот персонал.

Додека ги чекаме вакцините против Ковид-19, се зголемува бројот на заразени во дневно ниво. Дури 70% од новите случаи се заразени со британскиот сој кој се пренесува полесно и побрзо.