Кирацовски: Не судете го пратеникот од Левица – тоа што тој е присутен во Собранието, зборува за нас…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Александар Кирацовски на својот Фејсбук профил пишува дека не треба да се суди пратеникот од Левица, мислејќи на претседателот Димитар Апасиев, бидејќи тоа што тој е присутен во Собранието, зборува за нив.

„Не судете го пратеникот од Левица. Начинот на кој тој пишува и зборува, кажува за него. Но, тоа што тој е присутен во Собранието, зборува за нас…“, пишува Кирацовски.

Тој вели дека Апасиев е молотовиот коктел што скоро 40 илјади сограѓани го фрлиле врз македонскиот Парламент, за да ги опаметат!.

„Повеќето од нив се млади луѓе, поборници за праведна држава, а ние со нашето (не)постапување по многу битни општествени прашања, им ги обезбедивме “шишето, бензинот и крпчето! Нивна беше само искрата која го разгори поривот за фер општество“, пишува Кирацовски.

Тој додава дека првиот момент кога ќе обезбедат правда, според него, е тоа кога криминалците ќе одговараат, корупцијата ќе биде сведена на нула и ќе исчезне и потребата од овој тип политичари!