Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски на својот Фејсбук профил објави статус во кој порачува дека Претседателот на Собранието, Талат Џафер не смее повторно да го стави Собранието во улога на штитеник на неподомни кадри.
„Штом од Владата на предлог на актуелниот тех. Премиер, се бара разрешување на актуелната министерка за Труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот, не постои причина зошто Собранието да не го стави тој предлог на собраниска седница, сега-веднаш!“, додава Кирацовски.
