Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров е позитивен на Ковид-19, објави неговиот клуб Нант.
Француската екипа објави дека Лазаров и неговиот соиграч Фигуерас се двајцата со позитивни тестови.
Лазаров минатата недела настапи на два квалификаицски натпревари за репрезентацијата, и отпатува во Франција.
Поради случаите на Ковид-19, следниот натпревар на Нант во ЛШ најверојатно ќе биде откажан, или во најлош случај, Целје ќе добие службена победа.