Клековски: Се бара решение за доцнењата при исплата на породилното отсуство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фондот за здравство работи на надминување на техничките проблеми при исплатата на породилното отсуство, изјави директорот на Сашо Клековски.

Тој појасни дека дел од проблемите се јавуваат кај помалите фирми кои неправилно пријавуваат патолошка бременост наместо породилно отсуство. Разликата е што за патолошка бременост се исплаќа 70 проценти надомест, а за породилно 100 проценти, поради што е потребно ново барање и дополнителна документација.

„Само овој месец имавме десетина жалби и утврдивме дека не бил доставен документ дека родилката е на породилно отсуство“, рече Клековски.

Тој додаде дека проблеми има и во почетните и завршните месеци од породилното боледување, бидејќи верификацијата во подрачните служби сè уште се врши рачно. Според него, минатиот месец биле исплатени 511 милиони денари за боледувања, а лани за породилни отсуства биле исплатени 72 милиони евра.