Кленк: Напаѓачот во Виена е Албанец со потекло од Северна Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Австриските власти се уште не се јавиле со потврда околу идентитетот на убиениот напаѓач кој вчеравечер изврши терористички напад во Виена, главниот и одговорен уредник на магазинот „Фалтер“, Флоријан Кленк тврди дека се работи за Албанец со потекло од Северна Македонија.

„Се вика Куртин С., роден е во 2000 година во Виена, каде и пораснал. Од албанско потекло е, а неговите родители се од Северна Македонија и немаат никаква врска со изламизам“, напишал овој познат австриски новинар на Твитер.

Тој вели дека младото момче кое било убиено од страна на полицијата, било познато на Службата за борба против тероризам, затоа што бил еден од 90 австриски исламисти кои пробале да отпатуваат во Сирија.

Во месец јули, вели Кленк, бил спречен од обид за одење во Сирија.

„Меѓутоа, властите не верувале дека тој би можел да испланира терористички напад“, додава тој.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер утринава потврди дека убиениот терорист бил симпатизер на Исламската држава, без наведување на подетални информации околу идентитетот.

Засега нема официјална потврда за тоа дали навистина еден од напаѓачите бил со потекло од Македонија.