Клиника за детски болести: Обезбедена е терапијата „Трикафта“ за сите пациенти со цистична фиброза

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обезбедена е современа модулаторна терапија Tрикафта за сите пациенти со ЦФ кај кои постои соодветна медицинска индикација, соопштија од Клиниката за детски болести.

„Од оваа година во нашата земја вкупно 126 пациенти со цистична фиброза, над 2 годишна возраст, кои ги исполнуваат медицинските критериуми ќе имаат пристап до современа, таргетирана терапија. Ова е значаен исчекор во третманот на цистичнатафиброза во нашата држава“, се вели во објавата на Клиниката.