Победата на демократите во САД ги потресе светските берзи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Берзите во Азија забележаа пад, а најголеми загуби претрпеа компаниите поврзани со вештачката интелигенција и производителите на чипови. Падот следуваше по изборните проекции според кои демократите освоиле мнозинство во двата дома на американскиот Конгрес.

Индексот MSCI за азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, падна за 0,5 отсто. Јапонскиот индекс Nikkei загуби до 3 отсто, додека јужнокорејскиот Kospi забележа пад од 1,6 отсто.

Во минус беа и акциите на големите технолошки компании. CoreWeave загуби 7 отсто од вредноста, SpaceX околу 6 отсто, а Nebius Group и Oracle по 4 отсто.

Инвеститорите се загрижени дека победата на демократите може да донесе ограничувања за изградба на центри за податоци, особено во Тексас, една од главните локации на технолошката индустрија во САД.

Аналитичарите предупредуваат дека изборните резултати може да влијаат и врз фискалните политики, трошоците за одбрана и регулацијата на сектори како здравството, банкарството и криптовалутите.

Во меѓувреме, американскиот долар ослабе во однос на главните светски валути. Еврото зајакна за 0,5 отсто, достигнувајќи вредност од 1,1249 долари, додека индексот на доларот падна за 0,37 отсто.