Одлуката стапува на сила веднаш и го опфаќа и оружјето кое сè уште не пристигнало во Украина. Вкупната вредност на замрзнатото оружје е 1 милион долари.
-Договор за завршување на војната е сè уште многу, многу далеку, и никој сè уште не ги започнал сите овие чекори. Мирот што го предвидуваме во иднина мора да биде праведен, искрен и, најважно од сѐ, одржлив, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
-Ова е најлошата изјава која Зеленски може да ја даде и Америка нема да го трпи уште долго. Како што реков, тој човек не сака да има мир, додека ја има поддршката од Америка, а Европа јасно кажа дека не може да се справи со работата без САД, рече претседателот на САД, Доналд Трамп.
Потпретседателот Џеј Ди Венс, синоќа изјави дека давање на Американците „економска можност“ во иднината на Украина ќе послужи како „најдобра“ безбедносна гаранција и дека тоа треба да се направи.
Во исто време Европската комисија излезе со план за вооружување на Европа, има пет точки.
