Кочков: Имавме група на Вибер преку која добивавме информации кога треба да се оди на протести

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Антонио Кочков денеска во Кривичниот суд на рочиштето за насилството на „27 април“ истакна дека имале група на вибер и преку неа се давале информации кога треба да се оди на протести.

Тој посочи дека не знае кој ги давал тие информации, но верува оти бил некој од поглавните, односно некој кој е поупатен во целата ситуација.

„По претходен договор во вибер групата, пред протестот се собравме кај Музејот на ВМРО“, рече Кочков и додаде дека на 27-ми април не бил присутен на протестите.

Тој вели дека дошол дополнително откако се случил упадот во Собранието.

„Влегов во холот на Собранието, вратите беа отворени, во делот каде што се одржуваа седниците. Отидов во Собрание бидејќи имаше луѓе од партија кои требаше да ме видат, бидејќи ми помогнаа во вработувањето. Како благодарност беше моето пристуство во Собранието“, порача Кочков.