Кога се очекува „Законот на мафијата“ да влезе во Собранието?
На ова прашање во „10 Минути“ на ТВ21 одговори вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Тој верува дека кон крајот на овој месец тој драфт ќе биде конечен и ќе влезе во соодветна дебата со јавноста.
„Не може да возите кола од 50 илјади евра, не може да имате пет станови или повеќе викендици, и никој ништо да не ви може“, порача Николовски.
Вицепремиерот се надева дека овој закон ќе биде поддржан од сите политички чинители.
Во продолжение целата изјава:
