Кои се најактрактивни локации за инвестирање во недвижности во Скопје? Одговара Јаќимовски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најатрактивните локации за инвестирање во недвижности во Скопје и натаму се општините Центар, Карпош и Аеродром, но во последниот период засилен интерес има и за Гази Баба и Кисела Вода.

Ова во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 го истакна Ивица Јаќимовски од Градежната комора при Сојузот на стопански комори.

Според него, побарувачката во овие делови од градот е резултат на инфраструктурната поврзаност, урбаната развиеност и стабилниот пазар, што ги прави привлечни и за домашни и за странски инвеститори.

Јаќимовски посочи дека на скопскиот пазар веќе се присутни и странски фондови кои вложуваат во недвижности. Тој објасни дека инвестирањето преку фондови претставува вообичаен економски тек, кој во регионот постои подолг период, додека кај нас се развива со извесно задоцнување.

„Странски инвестиции, дали се тоа во сектор инвестирање или од друга страна фонд кој инвестира во краен прозивод, нешто кое е економски тек. Ние како Град Скопје и како Македонија доцниме во тој процес. Сето ова што е инвестирање во инцестициски фондови во недвижности кај соседите се случува веќе подолг период. Постојат тие инвестициски фондови, и насоката е инвестирање во недвижности. Сите инвестициски фонддови без разлика каде и да инвестираат, прават анализи. Ако гледаме од точка на зголемувањен анедвижности, тоа можеби е така, но од друга страна покажува дека имаме стабилен пазар на недвижности. Ние како држава имаме стабилна и услови за инвестирање во недвижности.“, оцени Јаќимовски.

Целата изјава во продолжение: