Кои се последиците од коронавирус? „Белодробната тромбоемболија е честа појава“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Интервентниот кардиолог од ГОБ „8-ми септември“ д-р Владимир Ристовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи кои се последиците од коронавирусот.

Тој вели дека белодробната тромбоемболија е честа појава.

„Па после една година работење во ковид-центар и со ковид пациенти очигледно сега се воочуваат и последиците кои што произлегуваат од вирусот. Една од главните компликации кои што се јавуваат кај овие пациенти е белодробната тромбоемболија која што се јавува малце покасно, после третирање на пациентите, односно откако ја поминале болеста. Покрај оваа белодробна тромбоемболија, кај помладите честа патологија е и белодробната фиброза“, посочува д-р Ристовски.

Тој вели дека има случаи кај некои помлади пациенти кои биле со асимптоматска клиничка слика, а кај нив дошле со акутен биокарден инфаркт, како една главна компликација од кардиоваскуларно потекло.

„После тоа имаме акутна тромбоза на горните и долните екстремитети, а не ретки се пациентите и со воспаление на срцевиот мускул односно миокардит“, додава д-р Ристовски.