Познатиот естраден уметник Александар Саша Поповиќ, директор на Градн продукција и еден од најмноќните луѓе на српската естрада, почина на 70 годишна возраст, по кратко и тешко боледување.
Како мал почнува да се занимава со фудбал во Војводина, но неговиот татко бил мултинструменталист и пејач во Радио Војводина, па го запишува неговито син во музичко училиште во 1964 година.
Поповиќ како основач на издавачката куќа Гранд продукција, беше креатор на идеи кои придонесоа за развој на музичката сцена на Балканот. Лансираше еден од најгледаните музички натпревар во регионот, Ѕвездите на Гранд, преку кој лансираше многу пејачи.
Многумина го паметат од периодот кога свиреше хармоника и беше дел од групата Слатки грех, но во светот на музиката влезе многу порано. Во 1976 година го основа бендот Лира шоу, кој изведуваше народна музика. Бендот се засили кога им се придружи Лепа Брена како пејачка.
По распадот на бендот, Поповиќ градеше соло кариера, сними 4 албуми од 1992 до 1995 година во кои настапуваат бројни српски пејачи како Драган Којиќ – Кеба, Беки Бекиќ, Ненад Кнежевиќ – Кнез, Злата Петровиќ и други.
Глумеше и во серијалот на филмови „Хајде да се волимо“ (Ајде да се сакаме) со Лепа Брена.
Со неа заедно ја основаа Гранд продукција во 1998 година. Во 2004 година почнува идејата за „Ѕвездите на Гранд“, која беше популарна и во Македонија, и која и до ден денеска важи за една од најгледаните.
Од самиот почеток беше главен член на жирито, ги посетуваше сите аудиции и ги избираше кандидатите кои ќе се пласираат на следниот натпревар. Многу од неговите соработници тврдат дека неговиот збор секогаш се сметал за најважен во овој проект.
Беше во брак со пејачката Сузана Јовановиќ, и ја добија ќерката која има 26 години. Сузана пред Саша имаше брак од кој го доби синот Даниел.
