Кој ќе биде лидер? Коалицијата ВЛЕН наскоро ќе биде една партија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВЛЕН полека оди кон спојување во политички субјект. Координативното тело на оваа коалиција формирано од 9 претставници, меѓу кои четворицата лидери Арбен Таравари, Изет Меџити, Билал Касами и Зеќирија Ибрахими се состана во Тетово. Како што соопштија од ВЛЕН, тие ги слушаат барањата на гласачите и дека нивна волја е ВЛЕН да стане симбол на националното единство на Албанците.

-Ова уште еднаш го покажува духот на соработка кој постои во рамките на коалицијата ВЛЕН, но и барањето на гласачите на оваа коалиција полека да се движи во насока на хомогенизација на структурите или формирање на заедничка структура, со која ќе треба подобро да одговориме на барањата на нашите гласачи во однос на реализацијата на проектите и програмата со која го доби легитимитетот на албанските гласачи, вели Билал Касами од БЕСА.

Но, ако Алијанса за Албанците, БЕСА, Демократско движење и Алтернатива се спојат во една политичка партија, кој би бил нејзин лидер. За ова пред неколку дена во Дејли клик беше прашан Арбен Таравари.

Новинар: И кој би бил тогаш лидер на оваа тема, дали можеби вие?

Таравари: Тоа не е важно. Треба да имаме кохезија внатре?

Новинар: Ве видовме на состаноци, на пример кај господинот Курти во Приштина, седевте напред заедно со него, а другите лидери стоеја на страна?

Таравари: Верувајте дека во моментов ги немаме тие комплекси меѓу нас. Посакувам да ги немаме повеќе.

ВЛЕН најави и дека следен чекор е унапредување на коалициската Комисија за прашања на изборите, именувањата и надзорот на спроведувањето на политиките, потоа заедничкиот Центар за комуникација со јавноста и именување портпарол на коалицијата.