Кој ќе биде подлежен на казна затвор поради оправдување на воено злосторство на социјалните мрежи? Објаснува Спасовски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кој ќе биде подлежен на казна затвор поради оправдување на воено злосторство на социјалните мрежи?

На ова прашање во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговор ни даде министерот за надворешни работи Оливер Спасовски.

Според него, во кривичниот законик постои кривично дело кое е предвидено во членот 407А, оправдување на геноцид против човештвото или воени злосторства.

„Се појавија и се појавуваат многу коментари на социјалните мрежи, бидејќи сега е лесно да дојдете до податоци и да пласирате ставови, а тоа се ставови кои се поставени врз пропаганда. Ние мораме да се грижиме за она кое навистина е јавен интерес. Станува збор прво законска можност во која што се дефинира по пат на информационен систем, јавно се негира или грубо се минимизира, одобрува или оправдува кривично дело од ваков тип, секој кој го прави ќе носи одговорност со казна затвор, а доколку е дело за поттикнување на омраза, дискирминација или насилство против некое лице или група на лица, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку 4 години“, вели Спасовски.

Тој додава дека се следат и коментарите и насоките кои имаат ваква содржина.

„Тука станува збор за конфликтот во Украина, но може да биде за било кој друг, но мора да се крева јавната свест, и не може никакви воени злосторства врз било кој да се поддржуваат. Има многу коментари за Украина, и да укажеме на граѓаните дека тоа е казниво дело. После ваквите коментари, кога ќе се соочат со правдата велат дека не знаеле, и добро е да ги информираме граѓаните“, порача Спасовски.