Кој ќе го финансира стадионот во Тетово? – Касами се надева на помош од Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Тетово ја чека дозволата за почеток на работите за изградба на градскиот стадион. Касами вели дека станува збор за процедурално прашање и дека не може да даде датум но изрази оптимизам дека работите ќе започнат наскоро.

„Ги завршуваме сите процедури околу градежната дозвола и веруваме дека кога ќе биде завршена дозволата, проектот е веќе готов, ќе започнат и работите. Но да не даваме точни датуми бидејќи тоа се процедурални прашања, може да се побараат некои дополнителни документи и верувам дека дозволата многу брзо ќе биде завршена и ќе почнат работите“, порача Биљал Касами.

Но, кој ќе ја финансира изградбата? Касами во декември минатата година изјави дека доколку стане дел од централната власт, ќе инсистира Владата да издвои средства за овој проект. Им гарантираше на граѓаните дека ќе одвојат дополнителни средства за изградба на стадионот во Тетово.

„Можеме сега и од  политички аспект да гарантираме дека доколку станеме дел од централната власт, на Тетово ќе му гарантираме дополнително финансирање и од Владата. Ќе се финансира изградбата на објектот на градскиот стадион, за кој во моментов нема минимална подготвеност од Владата“, вели Биљал Касами.

А сега кога стана дел од Владата во рамките на коалицијата ВРЕДИ, Касами вели дека ќе го одржи ветувањето, но очекува да му се доделат надлежностите на Министерството за спорт.

„Остануваме на таа изјава дека стадионот делумно ќе биде финансиран од Владата. Веќе ја знаете формата и начинот на кој ќе се одвива, бидејќи има министер за спорт и се уште не сме го оствариле првиот контакт со министерот. Сè уште не се знае делокругот на новото министерство, од моментот кога ќе се систематизира министерството, министерот условно ќе  ги научи своите обврски, ќе седнеме и ќе разговараме за можноста, а градскиот стадион делумно ќе се финансира од владини средства“, вели Биљал Касами.

Инаку, тетовскиот стадион ќе чини околу 10 милиони евра, додека рокот на изградба е три години. Работите за рушење на еден дел од трибината започна пред три месеци. Општина Тетово го отвори тендерот преку компанијата за транспорт.