„Кој сте вие да ги решавате албанските проблеми во Куманово„ – одговор на министер до Максим Димитриевски за побараните средства за гимназијата „Сами Фрашери“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски во Изборната дебата на ТВ21 разговарајќи околу тоа што досега е сработено, посочи дека само во последнава година имаат инвестиции во повеќе од осум училишта.

Тој откри и дека одредени министри што седеле на одговорни функции во власта, на кои постојано им праќал барања за да се изнајде средства за училиштето „Сами Фрашери“, освен, како што вели министерката Дескоска која имала сенс за овој проблем, никој друг немал разбирање за една ваква капитална инвестиција, додека пак на прашањето „Зошто?“ од некои министри добил одговор „Кој сте вие да ги решавате албанските проблеми во Куманово?“

На прашање на модераторот за тоа на кој точно министер се мисли, со оглед на тоа дека оваа тема неколку пати беше третирана токму на ТВ21, Димитриевски посочи дека имало три министри во изминатиот период.

„Една од нив ви кажав Рената Тренеска Дескоска која обезбеди одредена сума на пари, но потоа дојде до смена и не се реализираа тие средства“, додаде актуелниот градоначалник.