Кокаинот во Крушопек бил со GPS – медиумите ја откриваат цела акција од над тон кокаин во пакети со банани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најголемиот дел од кокаинот вреден 50 милиони евра кој во меѓународна акција го заплени италијанската полиција во количество поголемо од еден тон, требаше да заврши на пазарот на Босна и Македонија ,  пишуваат Независне новине, повикувајќи се на избори од босанската полиција.Две лица се уапсени  Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) во БиХ, а со оваа голема меѓународна акција опфатени се голем број луѓе од Италија, Црна Гора, Македонија и БиХ.Се работи за меѓународна акција со која е пресечен голем ланец за организирање шверц со дрога, а за кој првично дознала италијанската полиција, која во соработка со колегите од другите земји ја следела пратката.Како што пренесува „Незавине“ полицијата од контејнерите извадила 970 пакети со кокаин, тешки над еден тон  , а лажната пратка со еден килограм ја запечатила заедно со системот за следење, за да може да утврди кому му е наменета толку голема пратка со наркотици и истата заврши во Скопското село Крушопек.