Средба Колашинац-Зукорлиќ, во фокусот унапредување на соработката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за помирување, регионална соработка и општествена стабилност на Србија, Усама Зукорлиќ, престојуваше во својата прва официјална посета на Македонија, каде што го посети седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз и се сретна со раководството на партијата.

Министерот беше пречекан од претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз, Мунир Колашинац.

За време на состанокот се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка, зајакнување на регионалните врски, како и за проекти кои придонесуваат за стабилност и развој на општеството. Министерот Зукорлиќ ја истакна важноста од зајакнување на институционалните врски и отворање нови можности за заеднички иницијативи.

Претставниците на Бошњачкиот демократски сојуз го информираа министерот за нивната досегашна работа и плановите за иднината, нагласувајќи ја подготвеноста за продолжување на соработката на проекти од значење за заедницата.