Колкави се шансите да се врати онлајн наставата? Шаќири: Октомври и ноември се одлучувачки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Останува нејасно дали енергетската криза ќе ја врати онлајн наставата за учениците во текот на зимската сезона. Министерот за образование, Јетон Шаќири вели дека октомври и ноември ќе бидат одлучувачки месеци за да се види како ќе се одвива наставниот процес понатаму. Вели дека работат максимално на искористување на блок дотациите, бидејќи има општини каде што не се искористени за средните и основните училишта, со цел образовниот процес да тече непречено со физичко присуство.

Друг начин за надминување на енергетската криза, според Шаќири е стопирање на веќе започнати проекти за неколку училишта.

Единствената општина која одлучи наставата да продолжи со физичко присуство е Аеродром, која ќе ги покрие сите трошоци и покрај енергетската криза со која се соочуваме.