Според упатствата на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), остатоците од храната можеме да ги складираме и јадеме околу три до четири дена по подготовката. Иако ова е општо гледиште, не важи за секој вид храна.
Според ФДА, остатоците од храната треба да се стават во фрижидер или замрзнувач два часа по подготовката, пишува HuffPost.
Микробиологот Андреа Касеро и Гај Крозби, научник за храна и вонреден професор на Харвард, истакнуваат дека овие упатства не важат за секоја храна.
Различната храна има различна pH вредност. Храната која има пониска pH вредност, како сосот од домати, може да трае подолго. Нивниот рок е приближно седум дена.
Од друга страна, во остатоците од храната кои имаат повисока pH вредност, како јајцата и рибата, бактериите се развиваат многу брзо и затоа треба да се јадат во рок од три дена или да се фрлат доколку истече тој период.
Храната што содржи повеќе шеќер може да се чува надвор од фрижидер во херметички контејнер до седум дена, како што се мафини или печиво. Иако ретко кој ужива толку долго.
Од друга страна, храната со висока содржина на влага, како што се варено месо и варен зеленчук, може побрзо да развијат бактерии, дури и кога се чуваат во фрижидер. Таквата храна треба да се користи во рок од најмногу три дена.
