Колку книги купивте годинава? Саемот на книга во Скопје отворен до 14. септември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Од 8 септември е отворен саемот на книга во Скопје кој ќе трае до 14 септември 2021. Како што изгледа интересот на граѓаните не е на потребното ниво, баре, така изјавуваат претставниците на книжарниците овде на саемот“,вели Валон Салаи, новинар на ТВ21.

Од издавачката куќа Логос-А велат дека интересот на граѓаните е слаб.

„Иако првиот и вториот ден од саемот интересот беше доста слаб во споредба со минатите години, ние како издавачка куќа веруваме дека до последниот ден од саемот интересот на луѓето ќе се смени и ќе имаме повеќе посетители.“, рече Мухамед Јашари.

Од издавачката куќа Арс Ламина велат дека се задоволни и дека нема граѓанин кој излегува од тука без да купи книга.

Некои само ги гледаа насловите, некои купуваа по една или две книги, но имаше и такви купуваа по неколку книги.

-Ако вреди книгата, и по 1000 денари плаќам па и повеќе, зависи
-Колку книги купивте денска?
-Денеска 6 книги.
Колку книги купивте денеска?
Околу 50 книги.

На саемот го сретнавме и Васко Тодоров , познат хуморист кој ја промовираше неговата книга Монологот на Тошо Малерот, издадена лани за време на карантинот.

За разлика од минатите години, оваа година не присуствуваа издавачки куќи од Албанија и Косово. Еден од организаторите на саемот, Сања Конадрко, ни рече дека тие не присуствуваат поради анти ковид мерките. Инаку саемот се одржува на отворено во близина на салата Борис Трајковски.

ВАЛОН САЛАИ