Колку милионери има во ДУИ? „Нека пријават, ДУИ бара ветинг во судови, обвинителство, полиција…“, рече Ахмети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Од 2002 година имам имот, богатство кое ми го остави татко ми“, вака започна разговорот со лидерот на ДУИ Али Ахмети на тема колку е тој богат и колку милионери има во партијата која ја води.

Али Ахмети вели дека борбата против корупцијата треба да е национален фронт, повикувајќи ги и медиумите да се вклучат во него.

„…колку милионери, нека пријават. Ова го велам со голема искреност. Против лошото не може да се бориме вака. Нека каже колку пријавил во обвинителство. Зашто ние бараме ветинг! Ние бараме да има ветинг во судови, обвинителство, полиција и сите политичари. Сите да се вклучат во ветинг. Дај да се солидаризираме“, рече Ахмети во „Click Plus“ на ТВ21.