Колку може да им се верува на брзите тестови? – Се тестираат дома, позитивни се, но ги нема во системот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Добар ден, дали имате брзи Ковид тестови?

-Да.

Колку чинат?

-395 денари.

-Дајте ми е еден.

Се повеќе граѓани ја користат можноста да прават брзи тестови особено во летниот периот кога повеќе се патуваат, повеќе се прават  веселби. Овие тестови,  откако оние што се тестираат сами, ќе си земат брис од нос, резултатот го добиваат по дваесетина минути.

„Овој тест што сега го направив е негативен. Но, прашањето е колку може да им се верува на овие брзи тестови. Што со оние кои правт брзи тестови и притоа излегуваат позитивни. Нив ги нема во систем. Оставени се на нивната свест, дали ќе отидат и ќе посетат матичен лекар да се потврди дека се позитивни или не. Дали ќе посетат некоја од лабораториите со дозвола за да го направи тетсот и да покаже реална слика“, посочи репортерката на ТВ21.

Неодамна и доктор Ефкоски реагираше на социјалните мрежи заради несовесното однесување на дел од граѓаните кои и покрај тоа што имале позитивен тест, направен со вакви брзи тестови, си направиле свадба, па дури заминале и надвор од државата.

„Не можам да верувам дека ПАЗИ ОВА – зетот и невестата дошле да примат инфузии да се освежат пред свадба, испиле парацетамол од дома не пријавиле на доктор дека воопшто имаат температура, свадба цела си истерале со сите салтанати.Направиле дома брзи тестови, позитивни цела фамилија, ама не биле точни тие од аптека сами ги купиле и ниеден не проверил ПЦР.Да не биде ова доволно, братот со фамилијата дел од позитивните, после свадба веднаш заминале на одмор во хотел Албанија. Немаше ништо да дознаеме, зетот да не заврши на инфективно одделение со пневмонија. Сега се чекаат следните за хоспитализација, веќе доста се позитивни од таа свадба“, вели д-р Илчо Ефкоски.

Од Министерството за здравство велат дека на овие брзите тестови не може да им се верува:

„Во државниот систем за евиденција кој го приготвува Институтот за јавно здравје се евидентираат  лицата кои имаат направено ПЦР или брзи антигенски тест во сертифицирани лаборатории во државата“, велат од МЗ.

Овие тестови бидејќи официјално не се признати нема кој да им издаде решение за изолација на позитивните и да одговорат на епидемиолошките прашалници. Не е мал ниту бројот и на оние кои позитивни заминуваат од државава. Според податоците од МВР од 8-ми до 11 август девет лица позитивни, со решение за изолација, ја напуштиле нашата држава. Претходно истото го сториле две лица од Гостиварско.