Колку остар бил Ковачевски кон Курти? – Ковачевски: Индивидуалните постапки не го диктираат дискурсот на добрососедските односи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако поминаа 13 дена од посетата на премиерот на Косово, Албин Курти во Македонија, неговото име се уште е тема на дискусија меѓу политичарите. Премиерот Димитар Ковачевски во Пробиштип беше прашан што навистина му рекол на Курти, но не даде конкретен одговор.

Пред два дена српскиот претседател Александар Вучиќ од Атина рече дека стоејќи заедно со премиерот на Северна Македонија,  Ковачевски бил многу остар за посетата на Курти во Тетово.

„Видов кога Димитар Ковачевски остро реагираше кон Албин Курти за тоа што го направи во Тетово. Многу остро, јавно и отворено, и сакам да ги замолам нашите функционери дури и кога немаат цел, да внимаваат да не се случи нешто што може да се искористи од нечија страна, да ни го сторат истото и нам како на Курти“, вели Александар Вучиќ.

Ковачевски исто така беше на иста линија со првиот вицепремиер Артан Груби кога пред една недела двајцата беа на мислење дека премиерот Курти е злоупотребен од страна на албанската опозиција. Во врска со ваквите мислења, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши одговори дека таквите ставови се најголемата навреда што може да му се нанесе на премиер како Албин Курти.