Папата Лав им ги зголемува платите на кардиналите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Папата Лав XIV го укина прописот со кој беа намалени платите на вработените во Светата столица, наведувајќи дека повеќе нема потреба да се применуваат правилата воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Во документот „Одржлива иднина“ се наведува дека платите на кардиналите и на останатите вработени се враќаат на нивото од периодот пред пандемијата, откако кризата успешно е надмината, пренесува италијанскиот портал „Ил Соле 24 Оре“.

Две години беше замрзнато и зголемувањето на платите врз основа на работниот стаж.