„Колку побрзо има избори, толку подобро за државата“ – Лимани: Одамна заврши времето на „јас и ВЛЕН“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, изјави дека не е против предвремени избори и според него, колку побрзо се одржат избори, толку подобро ќе биде за државата и економијата.

Лимани рече дека во случај на избори ќе има освежување во ВЛЕН, но и во другите политички партии.

На прашањето дали ќе настапи со ВЛЕН на следните избори, Лимани кусо одговори: „Одамна заврши времето на јас и ВЛЕН“.