Колку се чека за резултати? – Меџити: Пациенти злоупотребуваат и без потреба одат на радиологија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пациентите се жалат на долгото чекање за закажување термин и добивање резултати од магнетна резонанца на Клиниката за радиологија.

„Многу чекавме, два-три часа, и пак не успеав да завршам работа“.

-А потоа, колку се чека за резултати?

„До следната недела треба да чекам“.

-Една недела?

„Чекав цел месец и ништо… “

Директорката на Институтот за радиологија, не знаеше да одговори на прашањето, колку се чека за термин и резултати. Вината им ја префрла на лекарите и пациентите и вели дека термините се злоупотребуваат без медицинска потреба.

Во однос на ова, министерот за здравство, Фатмир Меџити рече дека ќе се надгледуваат сите лекари кои закажуваат термин на пациенти за магнетна резонанца, бидејќи како што вели, оваа постапка се злоупотребува.

Инаку, Институтот за радиологија доби нов дигитален РТГ-апарат за динамички флуороскопски и радиографски снимања на деца. Набавен е од Министерство за здравство во вкупна вредност од 23 милиони денари.