Колку жени ќе има на кандитаските листи? „Најспомнувани Царовска, Мизрахи, Арифи“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Политичките партии мудро ги  кријат имиња не само на мажите , туку и на жените , кои ќе се најдат на листите за 12 ти април. Се уште се прават калкулации кој ќе им донесе најголем број на гласови.Дали досегашните добро познати фаци во политиката или лица кои зад себе немаат никаков политички багаж. На секои парламетнарни избори  партии ветуваат застапеност на жените, бидејќи тоа е обврска согласно законот кој вели дека 40 отсто треба да бидат жени. најспомувани жени во кои евентулано би биле носителки на листите се Мила Царовска, Рашела Мизрахи и Теута Арифи.

СДСМ објави повик за кандидатури на пратенички.  

Досегашниот сооднос  беше  72 пратеници мажи и 46 жени. Каков ќе биде овој ќе се знае по 12 ти април , дали ќе се промени,  досегашниот процент од 72 , наспрема 38 посто во корист на мажите.

Од друга страна , ДУИ најави згаснување на форумот на жена и креирање на ново тело во партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште не откриваат колку жени ќе има на кандидатските листи и дали ќе има жени носителки на листи.

Сафка Тодоровска, активистката за  родова еднаквост , бара од политичките партии жените да ги именуваат во раководни функции и да не ги користаа  како алатка во нивните скриени намери.

Вели дека во Макеоднија има 10 посто од популацијата повеќе жени со високо образование, докторски и магистерски титули од машката популација.

Но парадоксално е дека сите раководни функсиии како претседател на собрание, на партија, држава, премиер се сите мажи. И на министерските места има минимална застапеност на жените.  Директорскит фотељи  им припаѓаат на мажите истата ситуација е и во јавните претпријатија.