Колони возила на Блаце, граѓаните заминаа за Косово за продолжениот викенд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем број граѓани го користат продолжениот викенд за патување во Косово, а зголемената фреквенција на возила е забележлива и на граничниот премин Блаце.

Утринава на преминот се забележани долги колони автомобили, додека граѓаните ја напуштаат Македонија за да го искористат слободниот ден и претстојниот викенд за патување.

Денеска, 23 октомври, во земјава се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден, поради што дел од граѓаните го спојуваат со викендот и заминуваат на краток одмор во соседството.