Колозова: Петков „си пукаше во нога“ Кое е местото на Михајлов во македонската и бугарската историја?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бугарскиот премиер Кирил Петков игра сложена игра со цел да ги привлече сите политички партии во обединување и на некаков начин да се направи потребното за подигнување на бугарското вето за почеток на преговорите за влегување Македонија во Европската Унија – посочи професорот Стефан Дечев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.


-На бугарскиот премиер Кирил Петков и после овој обид ќе му биде тешко да направи да се крене ветото за Македонија. Крајните националисти не сакаат решение меѓу државите, вели Дачев.

Професорката Катерина Колозова пак смета дека со посетата во Битола, Петков си „пукал“ сам во нога.


-Како да го потврдува впечатокот дека Бугарија е држава, нација со пред се профашистички сентименти, предоминантно профашистички сентименти затоа што оди и отвора клуб по име на деклариран фашист и соработник на нацистите“, вели Колозова.

Но, кое е местото во македонската и бугарската историја на Ванчо Михајлов? Според Дечев, идејата на Ванчо Михајлов за независна македонска држава, што е водечка идеја во 20-те и 30-те години, го прави дел од македонската историја.


-Бидејќи на тоа на што денешна Македонија се темели е фактот дека е независна и суверена држава, независна и суверена држава признаена и од Бугарија во 1082 година и во оваа смисла тој е дел од онаа македонска историја до толку бидејќи се борел за оваа независна македонска држава, рече Дечев.

Но, во исто време, бидејќи се идентификувал како Бугарин, македонските Бугари го почитуваат и сакаат да му изразат почит и поради тоа е важен и за некои во Бугарија, кои се попристрасни кон македонската тема.